Објавено на 05 Февруари, 2025 во Вести, Футсал
Македонската А футсал репрезентација забележа нов пораз од Португалија во рамките на 4. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство, кое ќе се одржи во Летонија и Литванија 2026 година.
Избраниците на селекторот Васко Скендеровски во Одивалес, Лисабон беа поразени со 3:0.
Во претходното коло од квалификациите, на домашен терен, во спортската сала "Јане Сандански", Македонија загуби од Португалија со убедливи 5:1.
Хуго Мигел ја доведе Португалија во предност од 1:0. Истиот играч го постигна и вториот погодок за Португалија за зголемуавање на предноста. Конечните 3:0 ги постави Бруно Коељо.
Во досегашниот тек од квалификациите, Македонија има скор од три порази и еден нерешен резултат.
Горан Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група....