Објавено на 08 Април, 2021 во Вести, Футсал
Македонската футсал репрезентација во С.Ц. “Јане Сандански“ во исклучително неизвесен меч е поразена од Босна и Херцеговина со 2:3. Избраниците на селекторот Васко Скендеровски му пружија силен отпор на големиот фаворит, но на крајот несреќно загубија. На гостите им беше признат гол пред крајот, но видео снимката покажа дека топката не ја мина гол линијата.
Првото полувреме заврши со водство на Босанците со голот на Јосип Сесар во 13. минута. Нашите репрезентативци имаа неколку добри акции пред голот на Милановиќ, но не успеаја да ја затресат неговата мрежа.
Подобра игра на Македонија на стартот од вториот дел и веднаш израмнување. Капитенот Ранготов убаво се снајде пред гостинскиот гол и успеа да го совлада Милановиќ во 22. минута. Во тие моменти Македонија беше подобриот противник и бараше втор гол. Но, противникот поведе и тоа со голот на Хркач во 35. минута по убава комбинација пред нашиот гол. Македонија израмни во финишот преку Рамадан, но крајот БиХ успеа да реализира преку Јелиќ за победа од 3:2. Погодокот беше постигнат од крајно сонмнитална ситуација, видео снимката потврди дека топката не ја мина гол линијата.
Вториот меч од 5.коло во групата меѓу Србија и Романија се игра утре. Македонија својот последен натпревар во овие квалификации ќе го одигра со Романија на гости на 14 април.