Објавено на 01 Февруари, 2020 во Вести, Футсал
Македонската А футсал репрезентација загуби од Норвешка со 1:2 на натпреварот кој решаваше за првото место во претквалификациската група и шансата за влез во главната натпреварувачка фаза ќе ја бара преку бараж натпревар.
Вечерва во СЦ “Јане Сандански”, нашата репрезентација со пресврт загуби од Норвешка. Решавачкиот момент се случи на три минути пред крајот кога голманот на гостите постигна гол и тоа од гол на гол, откако ние игравме со играч повеќе во поле и баравме погодок за водство.
Мекедонската репрезентација поведе со голот на Иван Крстевски во 5. минута, а во првото полувреме два пати стативата ја спасуваше селекцијата на Норвешка. Противникот израмни преку Педерсен на стартот на вториот дел, во продолжението притискавме, имавме неколку шанси, но голманот Ракваг беше извонреден на голот на норвежаните.
На 13. февруари по извлекување нашата футсал репрезентација ќе го дознае противникот за бараж мечот за пласман во главаната квалификациска фаза за ЕП.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....