Објавено на 24 Октомври, 2019 во Вести, Футсал
Македонската А футсал репрезентација вечерва од 20:00 часот против Словенија во СЦ „Јане Сандански“ ги започнува натпреварите од претквалификацискиот турнир за пласман на СП 2020. година.
Нашата селекција е во група со Словенија, Косово и Украина. Топ фаворит е украинската репрезентација, а целта за Македонија е второто место во групата кое носи пласман во главната квалификациска фаза за пласман на футсал мундијалот идната година.
Влезница за натпреварувачки ден од турнирот кој го организира Фудбалската федерација на Македонија изнесува 100. денари, а може да се купи на билетарата веднаш до малата сала во СЦ „Јане Сандански“. Натпреварите се играат во главната сала во СЦ „Јане Сандански“ во населбата Аеродром во Скопје.Капитенот на македонската футсал репрезентација, Зоран Левески вели дека против Словенија треба да бидеме доволно трпеливи и да ја чекаме нашата шанса.
- Свесни сме каков натпревар не очекува вечерва против Словенија. Овие неколку денови од подготовките работевме напорно и ќе се обидеме силно да се спротивставиме на Словенија и покрај проблемите со повреди на одредени наши играчи со кои се соочуваме. Треба од почеток да бидеме трпеливи и да ја чекаме нашата прилика, но и доволно агресивни, посебно во одбрана. Верувам дека имаме шанса против Словенија, од нас може да очекувате труд и големо залагање. Атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво, одлично се познаваме во тимот, заедно сме неколку години и се надевам дека со правилен пристап ќе одиграме добар натпревар, изјави Зоран Левески.
Денеска од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ на отворањето од турнирот се соочуваат Косово и Украина.
Утре од 17:30 часот, македонската футсал репрезентација во второто коло ја очекува пресметка со селекцијата на Косово, а последниот дуел од турнирот го играме в недела против Украина од 17:30 часот.Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....