Објавено на 12 Мај, 2018 во Вести, Футсал
Футсал тимот на Јувентус Серава славеше против Гемиџии 1903 и го освои пехарот во Купот на Македонија. На финалниот натпревар во Гостивар, Јувентус со 4:1 го совлада тимот на Гемиџии 1903.
Ељеса Незир уште во втората минута го постигна водечкиот гол за Јувентус, а предноста ја удвои Јакуп Рамадан во осмата минута за 2:0. Тимот на Гемиџии 1903 во 19. минута ја врати неизвесноста и преку Александар Михајлов намали на 2:1. Тоа беше резулат на полувреме.
Во вториот дел, Јувентус ја потврди фаворитската улога и со два нови погодоци на Ељеса Незир во 27. и 39. минута ја запечати победата и го славеше трофејот во Купот на Македонија.
Двата тима прв пат се соочија во битка за пехарот во Купот на Македонија.
КМФ ГЕМИЏИИ - КМФ ЈУВЕНТУС Серава 1:4 (0:2)
Финале Куп на Македонија, Спортска сала Гостивар
КМФ ГЕМИЏИИ: Марјан Трпков, Адил Адиловиќ, Жарко Спасовски, Александар Михајлов, Владимир Нанев, Методија Костов, Ратко Јовановски, Јосиф Манасиев, Сашко Јовановски, Саше Димов, Христијан Јовановски, Ален Плакиќ, Благој Левков, Никола Саздовски;
КМФ ЈУВЕНТУС Серава: Бурхан Идризи, Јакуп Рамадан, Џељал Мјаку, Ељеса Незир, Еркан Шабани, Бујар Буќи, Али Решат, Бесник Љатифај, Енес Јусуфи, Мевран Османи, Пајтим Реџепи, Самир Вели, Осман Мустафа;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....