Футсал: Финале од Купот на Македонија, Железарец - Јувентус во Битола

Објавено на 27 Мај, 2016 во Вести


Финалниот натпревар од Купот на Македонија во футсал е закажан недела во 19:00 часот во спортската сала „Младост“ во Битола. За трофејот од Купот на Македонија ќе се борат најуспешните екипи во првенството Железарец и Јувентус Серава.

-Железарец е голем фаворит во финалето од Купот на Македонија, ќе биде големо изненадување доколку не ја освоиме втората титула сезонава. Ние сме подготвени, го знаеме противникот многу добро и мислам дека ништо не може да не изненади. Од нас се очекува двојна круна и тоа ќе го направиме. Последните два-три дена ги користиме за последни подготовки и во Битола патуваме по трофеј. Со Јувентус сезонава одигравме три натпревари, сите ги добивме убедливо, квалитетот е на наша страна и тоа ќе го покажеме на теренот во салата „Младост“, вели тренерот на Железарец, Иван Божовиќ.

Во тековниот жампионат Железарец и Јувентус Серава одиграа три натпревари, повеќекратниот шампион Железарец беше убедлив со три победи( 1:4, 9:4 и 7:2).

-Не очекува еден неизвесен и крајно тежок натпревар во кој се надеваме дека ќе се покажеме во добро светло и ќе успееме да го изненадиме нашиот противник кој е добро познат. Екипата на Железарец е најквалитетниот тим во Македонија и голем фаворит за освојување на титулата. Тие се шампиони на Македонија веќе осум години, податок кој доволно зборува за нивниот квалитет. Дуелите со Железарец секогаш привлекуваат посебно внимание, се работи за ривалство кое трае со години, пред се на спортски план. Двете екипи добро се познаваат, не очекуваа едно финале кое ќе биде возбудливо и атрактивно до самиот крај. Убеден сум дека и ние сме незгоден противник за екипата на Железарец. Имаме одиграно голем број на натпревари против нив секогаш сме го давале максимумот. Се надевам дека така ќе биде и на финалето во недела, велат од Јувентус Серава.





   
   
А репрезентација