Објавено на 16 Октомври, 2015 во Вести, Футсал
Двете пресметки против повеќекратниот Европски и Светски шампион ќе се одиграат на 19. и 20. октомври во Касерес. Репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот Васко Скендеровски во Скопје тренира денеска и утре, а в недела патува за Шпанија. Скендеровски ги повика следните фудбалери за двата натпревари против Шпанија:
Голмани: Илчо Удовалиев (КМФ Железарец), Антонио Петровски (КМФ Железарец);
Одбрана: Зоран Левски (КМФ Железарец), Ферид Агуши (КМФ Железарец), Таулант Исмаили (КМФ Железарец);
Напад: Орхан Ибиши
(КМФ Јувентус), Иван Крстевски (КМФ Железарец), Адријан Мицевски (КМФ
Железарец), Мартин Тодоровски (КМФ Железарец), Дарко Ранготов (КМФ Железарец),
Мартин Мехмединовиќ (КМФ Црна Река), Игор Леовски (КМФ Железарец);
-Не очекуваат два исклучително тешки натпревари против
повеќекратниот Европски и Светски првак и тоа на гостински терен, но добро е да
ги одмериме силите против силен противник, каде што немаме резултатски
императив. Покажавме дека футсалот во последните три-четири години има
евидентен напредок, па не случајни се резултатите кои ги постигнуваме на
репрезентативен и клупски план. Зад нас стојат години исполнети со многу работа
и вложувања. Не треба многу да се зборува за нашиот противник, тоа ќе бидат
натпревари од кои ќе може многу да се научи и секако ќе бидат полезни пред
престојните квалификации за СП. За жал нема да патуваме комплетни, од оправдани
причини ќе отсуствуваат Глигоров (приватни причини), Јовановски (здравствени
проблеми). Ова се и тоа
како важни играчи, но затоа пак шанса да дебитираат ќе добијат неколку нови и
млади играчи како што се Мехмедовиќ, Исмаили.
Значи, патуваме со еден комбиниран состав, но очекувам позитивната атмосфера и
хармонијата која владее во оваа генерација на репрезентативци да донесе силен
мотив кај сите што ке настапат во Шпанија и да покажеме дека не се случајни
сите овие позитивни резултати кои што се случуваат во нашиот футсал, изјави
селекторот Скендеровски.