Објавено на 26 Јануари, 2025 во Футсал
Македонската футсал А репрезентација кон крајот на јануари и почетокот на февруари ќе ги продолжи квалификациите за пласман на Европско првенство кое 2026 година ќе се одржи во Летонија и Литванија.
На програмата се два натпревари против фаворитот во групата 7, селекцијата на Португалија. Првиот од двата меча го играме на домашен терен, во спортската сала „Јане Сандански", во Скопје, на 31. јануари со почеток во 19. часот.
Вториот меч од групата 7 од квалификациите против Португалија го играме на 5. февруари, во Одивалес, во Лисабон со почеток од 20. часот.
Селекторот на футсал А репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: ПЕТРОВСКИ Антонио (КМФ Проект) СТОЈАНОВСКИ Иван (КМФ Форца 2015) СПАСОВСКИ Никола (КМФ Осогово) Одбрана: ЛЕВЕСКИ Зоран (КМФ Форца 2015) ИСМАИЛИ Таулант ((КМФ Форца 2015) КРСТЕВСКИ Иван (КМФ Форца 2015) ЦЕКА Исмет (КМФ Шкупи) МИХАЈЛОВ Александар (КМФ Клими) КРСТЕСКИ Давид (КМФ Клими) РАМАДАНИ Берат (КМФ Форца 2015) Напад: ТОДОРОВСКИ Мартин (КМФ Осогово) СЕФЕРИ Еркан (КМФ Шкупи) НИКОВИЌ Мартин (КМФ Клими) РАМАДАНИ Јакуп (ФК Приштина, Косово) БЛАГОЈЕВСКИ Марио (КМФ Проект) Пикер КРСТЕВСКИ Иван (КМФ Форца 2015) -Васко Скендеровски, селектор на македонската футсал репрезентација „Денес и официјално ги започнавме подготовките за престојниот двомеч со Репрезентацијата на Португалија во рамките на Квалификациите за пласман на ЕП 2026 кое ќе се одржи во Летонија и Литванија. Не очекуваат два силни натпревари, кои ќе бидат големо искуство за нас против актуелниот двократен Европски шампион, и Светскиот првак од 2021 година, репрезентација која со право се вбројува во првите три репрезентации во светски рамки. Португалија доаѓа во најсилниот состав, за разлика од нашата репрезентација која ќе настапи без шестмина стандардни репрезентативци и носители на нашата игра во последните неколку години (Леовски, Мицевски, Ранготов - тоа се играчи кои настапуваат во странство и поради приватни обврски нема да можат да бидат со нас на овој собир, Зибери - кој исто така настапува во Италија, но е повреден, потоа Даниел Де Соуза кој настапува во Србија и од административни причини нема право на настап, како и домашниот играч Цека кој е под знак прашање). Практично ќе настапиме само со домашни играчи, од нашето првенство кое моментално е на зимска пауза, и ќе видиме колку нашите играчи се физички спремни за овој предизвик. Ако на ова се додаде и фактот дека првиот голман Петровски, како и стандарниот Крстевски немаат право на настап на првиот натпревар во Скопје поради два жолти картони, ќе биде навистина многу тешко да оствариме поволен резултат против Европскиот шампион без осуммина играчи. Но од друга страна, ова е голема шанса за оние останатите кои не добиваа многу голема минутажа на претходните натпревари, како и неколкумината дебитанти кој ги повикав на овој собир, да ја оправдаат довербата. На крајот од денот, мора да се започне и процесот на подмладување на генерацијата, така да навистина не треба да сме премногу загрижени затоа што ќе настапиме десеткувани, туку да ги бодриме оние кои се за прв пат тука со нас и да покажат дека се вистинска перспектива за македонскиот репрезентативен футсал. Немаме што да загубиме, а можеме многу да добиеме."