Објавено на 21 Септември, 2016 во Вести
Македонската репрезентација до 21 година на 11. октомври ќе го одигра клучниот натпревар против Шкотска за пласман на Европското првенство 2017 година. На еден од најзначајните датуми во нашата историја, да и дадеме поддршка на репрезентацијата на Македонија во битката за пласман на континенталниот шампионат во Полска. Најталентираната наша генерација има неповторлива шанса за историски резултат. Спроти последното квалификациско коло, Македонија е на првото место во групата 3 пред Франција, Исланд, Украина, Шкотска и Северна Ирска. На 11. октомври во 18:45 часот сите на Националната арена "Филип Втори" заедно да се радуваме на нов триумф.