Објавено на 17 Ноември, 2014 во Вести
Фудбалската академија е водечка институција од тој вид во Македонија, основана по примерот на многу европски школи, со единствена желба своите ученици да ги подготви за времето кое доаѓа, како школа за иднина. Заедно со Министерството за образование и Агенцијата за млади и спорт поддржани од УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија работи на проектот со цел да помогне преку методологија на работа која сметаме дека носи позитивни резултати и да им се наметне самодоверба на тренерите и играчите за идните големи работи кои им следуваат. Во нашата држава од оваа учебна година бројот на фудбалски паралелки е зголемен на осум. Повеќе од 200 деца ги сочинуваат паралелките во Скопје, Гостивар, Битола, Прилеп, Охрид, Струмица, Штип и Велес. Тренинзите се одвиваат секојдневно, во секоја паралелка работат по двајца тренери. Минатата недела паралелките во Битола и Прилеп одиграа меѓусебен натпревар, заврши со резултат 2:2. Според програмата, таков тип на натпревари се предвидени да се одигруваат речиси секоја седмица.
За ФФМ филозофијата за работа со млади категории е една од клучните точки на работењето. Се започна со спроведувањето на Националната програма за развој на младинскиот фудбал, фудбалската академија е дел од новата програма за развој на Уефа, а зацртаното за младинскиот фудбал се остварува и преку низа семинари на кои учествуваат наши тренери во странство и стручни луѓе кои доаѓаат во Македонија да ја презентираат својата програма пред тренерите.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....