Фудбалските легенди ја одбележуваат европската недела на спортот

Објавено на 24 Септември, 2018 во Вести


Агенцијата за млади и спорт е носител на проектот на Европската комисија „Европска недела на спортот“ која се одржува на територија на цела Европа од 23 до 30 септември, а во Македонија се реализира под мотото ,  #MyWeek #BeActive.

Целта на проектот е спорт за сите возрасни категории, на сите места, во секакви услови, а крајниот ефект е остварување на идеите на Европската недела на спортот – придобивките од активностите во текот на спортската недела да имаат траен ефект, односно да останат во навиките на секој поединец во Македонија. 

По повод одбележувањето на европската недела на спортот на 24. септември, 2018 г. во 19.00 ч. на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“  ревијален натпревар ќе одиграат фудбалските легенди Илија Најдовски, Драган Канатларовски, Вујадин Станојковиќ, Ѓоре Јовановски, Зоран Јовановски, Игор Митревски, Ѓорѓи Христов, Зоран Бошковски – Чоко, Артим Шаќири, Стојмир Урошевиќ, Драган Веселиновски, Неџат Шабани, Горан Ѓеоргиевски, Љупчо Марковски, Панче Ќумбев, Влатко Гроздановски, Светозар Станковски, Жарко Серафимовски, Кочо Димитровски, Саша Ќириќ, Срѓан Захариевски, Драган Мутибариќ, Данчо Целески, Љупчо Кметовски и Томе Пачовски.

На истакнатите фудбалски легенди во играта ќе им се придружи и директорот на Агенцијата за Млади и Спорт Дарко Каевски, кој пред натпреварот ќе им се обрати на присутните.



 

 

 




   
   
А репрезентација