Фудбалските херои на прием кај Претседателот на Република Македонија

Објавено на 12 Октомври, 2016 во Вести


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ги прими членовите на македонската младинска фудбалска репрезентација по повод пласманот на Европското фудбалско првенство за фудбалери до 21 година. Покрај честитките Иванов им се обрати на фудбалерите и им се заблагодари што успеаја целата нација да ја израдуваат на вчерашниот историски ден 11. октомври.

– Во годината кога славиме јубилеј, 25 години од нашата независност, вие ни ја донесовте најголемата радост. Вашиот успех покажа дека можеме да бидеме сите заедно, и сплотени и единствени да навиваме за Македонија. Ви благодарам на секој од вас за неговиот удел во оваа победа што ни ја приредивте, посебно за селекторот, за тренерите и за сите што инвестираа во вас. Ние веруваме во вас, порача македонскиот претседател. Вчера на 11 Октомври – Денот на востанието, вие направивте фудбалско востание во Македонија. Вие младите симболично покажавте за тоа што доаѓа и што допрва од вас ќе очекуваме, а тоа се нови подвизи и потфати – рече претседателот Иванов.




   
   
А репрезентација