Фудбалски фестивал за девојчиња и семинар за развој на женски фудбал во Битола

Објавено на 23 Септември, 2019 во Вести, Семинари


Во Битола, од 19. до 22. септември, Фудбалската федерација на Македонија под покровителство на Фудбалската асоцијација на Норвешка го организираше вториот семинар за развој на женскиот фудбал во Македонија. Во реализација на програмата активно се вклучија и ОФС - Битола како и општина Битола, ЖФК Топ Гол, ЖФК Ателетико и ФК Пелистер.

Семинарот се одржа на терените “Павел Шатев“ и “Тумбе кафе“, а учество земаа дваесет кандидатки кои ги комплетираа обврските со голем успех. Покрај теоретските и практични презентации од норвешките инструктори, кандидатките учествуваа и во практична работа на фестивалот на женски фудбал кој се одржа во два дена (21/22 Септември), а на кој учество земаа околу 110 девојчиња од Битола на возраст од 5 до 15 години.

По завршување на семинарот и комплетирање на обврските, сите кандидатки добија соодветна опрема за отпочнување на фудбалски активности во рамките на својот клуб, училиште или место на живеење, а чии активности ќе бидат една од темите на пролетниот конторолен семинар.

Фудбалската федерација на Македонија и Фудбалската асоцијација на Норвешка би сакале да им се заблагодарат на сите кандидатки кои учествуваа на семинарот, но во исто време упатуваат благодарност до ОФС Битола и општина Битола за големата логистичката помош при реализација на овој настан. Исто така, упатуваме голема благодарност до ЖФК Топ Гол и ЖФК Атлетико од Битола, како и сите наставници од основните училишта чии девојчиња учествуваа во фестивалот на женски фудбал.





   
   
А репрезентација