Фудбалската репрезентација на Македонија во јуни ќе одигра две пријателски средби со Кина

Објавено на 27 Мај, 2014 во Вести

Во рамките на циклусот подготвителни натпревари за претстоечките квалификации за ЕУРО 2016 кои започнуваат во септември 2014, фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра и два пријателски натпревари со репрезентацијата на Кина.

По вчерашниот дуел против Камерун, нашата репрезентација ја очекува дуелот против Катар кој ќе се одигра на 30 мај во Италија.

Овие натпревари се од исклучително значење, бидејќи првенствено во овој период,  нивната улога е што подобро запознавање со потенцијалните репрезентативци, можност секој од нив да добие шанса за докажување, да се пробаат различни тактики и стратегии, како и за создавање на тимскиот дух и заедништво, што во многу случаи е повеќе од потребно.

Заедништвото, сплотеноста, помошта на фудбалскиот терен е нешто што со години наназад ни недостига, и тоа треба да се промени. Од секој натпревар, треба да се извлекува поука, да се направи анализа, и работите да се подобрат веќе на следната средба. Ќе им биде дадена шанса и на интернационалците, но и на фудбалерите од домашното првенство, а сѐ со цел да се уигра замислената тактика, и да се формира комплетна слика за изгледот на репрезентацијата. Се разбира дека резултатите се важни, но со овие подготвителни натпревари на прво место е формирање на комплетен тим кој достојно ќе не претставува во претстоечкиот квалификациски циклус – изјави селекторот Ѓуровски. Тимот се подмладува, добиваат шанска за игра млади фудбалери кои се нашата иднина.

Натпреварите ќе бидат одиграни на 18 јуни – во Шенјанг и на 22 јуни – во Јинан. Точното време на одигрувањето на натпреварите ќе биде дополнително утврдено од страна на домаќинот – Кина.




   
   
А репрезентација