Фудбалската федерација објавува оглас за тренери

Објавено на 22 Август, 2014 во Вести


За ангажирање на два тренери (1 (еден) тренер за работа со фудбалери и 1 (еден) фитнес (кондиционен) тренерза учениците во паралелките по фудбал.

Конкурсот се објавува согласно Критериумите за селекција на стручен тим на учениците во паралелките за фудбал, ракомет,кошарка и тенис во Република Македонија како и Правилникот за работа на Центарот за Едукација при Фудбалската федерација на Македонија, односно според Конвенцијата за меѓусебно признавање на тренерски квалификации на УЕФА.

Услови кои кандидатите тренери треба да ги исполнат се:

-  да поседува најмалку УЕФА А тренерска диплома;

-  потврда за најмалку 2 (две) години клубска работа во соодветната категорија за која е кандидат во последните 5 (пет) години или потврда за најмалку 5 (пет) години стаж како тренер со соодветна диплома издадена од ФФМ;

-  потврдадеканееосудуван;

- потврда дека не му е изречена дисциплинска мерка од страна на  дисциплински орган на ФФМ во последните 5 (пет) години;

-  да има програма за работа за периодот за кој се избира со предлогочекувани резултати;

-  да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаења и вештини;

-  потврда за постигнати резултати во неговата тренерска кариера;

-  лекарско уверение издадено од специјализирана здравствена установа (завод за спортска медицина и сл.)

Сите заинтересирани кандидати своето CV, на македонски, со сите потребни документи во оригинал да ги достават до Фудбалската Федерација на Македонија (соназнаказаТренервопаралелкитепофудбалвоСкопје) по пошта на адреса, или лично во архивата на Фудбалската Федерација на Македонија во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето:

Фудбалската Федерација на Македонија

Бул. АСНОМ - б.б.

1.000 СКОПЈЕ

со назнака за Тренери во паралелките по фудбал Скопје

По приемот на документите ФФМ може да изврши дополнително тестирање на кандидатите кои ќе имаат исти или приближно исти резултати за влез во предвидената квота. Сите кандидати кои ќе ги исполнат условите за прием, ќе бидат дополнително информирани за понатамошнитеактивности, додека некомплетните и неуредно доставени пријави нема да бидат разгледувани.




   
   
А репрезентација