Објавено на 04 Март, 2016 во Вести
Сите фудбалски работници со големо внимание ја следат здравствената ситуација на младиот голман на ФК Турново, Кристијан Стоилков, кој во јануари на пријателскиот дуел со Брегалница доживеа тешка повреда на главата.
Со цел да се даде поддршка за што побрзо и поуспешно лекување на овој млад и талентиран фудбалер, комплетната фудбалска администрација, со поддршка на репрезентативците и на Фудбалската Федерација на Македонија започнаа акција за донирање на финансиски средства со цел да се обезбедат најдобри услови за рехабилитација на Кристијан. Доколку се потребни средства за лекување во странство Управниот Одбор на ФФМ ќе определи сума согласно потребите.
Искрено се надеваме дека средствата кои ќе бидат донирани од страна на Фудбалската Федерација на Македонија ќе придонесат кон целосно опоравување на овој млад играч, и дека ќе помогнат во остварување на неговата и нашата желба, Кристијан повторно да застане меѓу стативите.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....