Објавено на 01 Април, 2016 во Вести, Еднаквост
Фудбалската федерација на Македонија на 7. април во „Куќата на фудбалот“ ќе организира настан за подигање на свеста за потребите на инвалидизираните лица и нивната желба да имаат пристап на фудбалските стадиони.
Деновите од 2. до 10. април се означени како „денови за подигнување на свеста за потребите на инвалидизираните лица“, а ФФМ ќе ги одбележи овие денови под мотото:
ФУДБАЛ ЗА СИТЕ – ПРИСТАП ЗА СЕКОГО.
Во рамки на настанот кој ќе се случува на 7. април, ФФМ ќе организира работилница во која ќе бидат вклучени претставници од сите клубови од Прва лига, претставници од МОБИЛНОСТ –Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Македонија и претставници на МОК – Македонски Oлимписки Комитет.
Во работилницата ќе биде презентирана улогата на DISABILITY OFFICER (лице од клубот кое ќе им овозможи пристап на стадионите на лицата со попреченост), а по завршувањето ќе биде одигран фудбалски натпревар помеѓу тимот на МОБИЛНОСТ и тимот на МОК, составен од поранешни македонски олимпијци).
На овој начин ги повикуваме и нашите клубови кои имаат социјална одговорност да бидат дел од деновите за подигнување на свеста за вклучување на лицата со инвалидитет во нивните средини и да дадат еднакви можности на сите.
Се надеваме дека на ваков начин сите ќе бидеме двигатели и ќе дадеме скромен придонес за поголеми социјални промени во полето на инклузивноста на лицата со инвалидитет.
ФУДБАЛ ЗА СИТЕ – ПРИСТАП ЗА СЕКОГО.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....