Објавено на 06 Април, 2016 во Вести
Во рамки на деновите за подигнување на свеста за потребите на инвалидизираните лица (2-ри до 10-ти април), Фудбалската федерација на Македонија во четврток организира настан на кои свое учество ќе земат претставници од сите клубови од Прва лига, претставници од МОБИЛНОСТ –Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Македонија и претставници на МОК – Македонски Oлимписки Комитет.
На воведниот дел од настанот ќе биде презентирана улогата на DISABILITY OFFICER (лице од клубот кое ќе им овозможи пристап на стадионите на лицата со попреченост) и свое предавање ќе имаат Ирена Бакревска – Милошевска од Фудбалската федерација на Македонија, а предавање на тема: Моќта на немоќните ќе има Бранимир Јовановски, претседател на Мобилност.
По завршувањето на работилницата ќе биде одигран фудбалски натпревар помеѓу тимот на МОБИЛНОСТ и тимот на МОК, составен од поранешни македонски олимпијци.
МОК: Раиф Камбери (голман), Елмедин Сејфулау, Стефан Јанкуловски, ИгорПаскоски, Мартин Нестороски, Берат Јакупи, Иво Цветковски, Лука Гаревски, Седат Бафтију, Стојна Вангеловска, Љупчо Ангеловски, Методија Ангеловски, Горан Милковски. Тренер: Владимир Богоевски.
МОБИЛНОСТ: Николчо Пеев (голман), Александар Талевски, Ефтимчо Атанасовски, Ѓоко Стојановски, Митко Сотировски, Бобан Јорданоски, Горан Трајчев, Зоран Трајановски, Тони Шишевски, Николчо Делев;
Деновите од 2. до 10. април се означени како „Денови за подигнување на свеста за потребите на инвалидизираните лица“, а ФФМ ќе ги одбележи овие денови под мотото: ФУДБАЛ ЗА СИТЕ – ПРИСТАП ЗА СЕКОГО.
Ги повикуваме и нашите клубови кои имаат социјална одговорност да бидат дел од деновите за подигнување на свеста за вклучување на лицата со инвалидитет во нивните средини и да дадат еднакви можности на сите.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....