“Фудбал за Пријателство“ - Фудбалот поттик за ширење на позитивни вредности – како на теренот, така и вон него

Објавено на 12 Јули, 2017 во Вести


Македонските учесници во проектот “Фудбал за Пријателство“, кои беа дел од реализираните активности во Санкт Петерсбург, остварија средба во Фудбалската федерација на Македонија со генералниот секретар Филип Поповски. Тие разговараа за реализацијата на проектот, стекнатото искуство како и важноста на вакви проекти за создавањето на љубовта кон спортот кај младите како и поттикнувањето за применување на позитивни вредности. 

Ни претставува огромна чест и задоволство што, како Агенција, имаме можност да бидеме координатор на проектот “Фудбал за Пријателство“ за Македонија и да ја предводиме првата Македонска Делегација – учесници во овој Интернационален општествено-одговорен проект под покровителство на компанијата “Газпром“ А.Д. Имплементацијата на вакви проекти, со инволвирање на млади лица и поттикнување на ширењето на мир, пријателство и еднаквост и промовирање на позитивни вредности, е од суштинска важност за развојот на младите, како и општествата во целина.“ – изјави Маргарита Андоновска, главен координатор на проектот „Фудбал за Пријателство“ за Македонија.

Проектот „Фудбал за Пријателство“ е одлична можност за промовирање на фудбалот како спорт помеѓу младите, но и сите предности кои истиот ги овозможува – ширењето на пријателство, еднаквост и промовирање на здравиот начин на живот и спортската култура. Ги охрабрувам сите млади активно да спортуваат и да ја пренесуваат пораката на овој проект за присуство на мирот, пријателството и еднаквоста на спортските терени, како и во секојдневниот живот. Истовремено, ги повикувам младите Стефан и Симона да ги одржуваат сите оние пријателства кои ги создадоа за време на нивниот претстој во Санкт Петерсбург и заедно со сите млади амбасадори кои биле вклучени во проектот да ги шират овие позитивни вредности.“ – изјави Филип Поповски, генерален секретар на Фудбалска федерација на Македонија.



   
   
А репрезентација