Објавено на 21 Март, 2022 во Вести, До 21 год
Репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски" ги продолжи подготовките за претстојните квалификациски меча за пласман на Европско првенство 2023 година во Романија и Грузија.
Нашите млади репрезентативци денеска во 14. часот патуваат за Белград, каде што ги очекува квалификацискиот дуел против нашиот северен сосед, на 24. март на стадионот на ФК Вождовац со почеток од 17. часот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....