Објавено на 15 Октомври, 2018 во Вести, УЕФА Лига на Нации
Со последниот тренинг одржан во стадионот ‘Вазген Саргсијан’ во Ереван најдобрата репрезентација на Македонија ги заврши подготовките за утрешниот натпревар против Ерменија во Лига на Нации. Репрезентативците максимално сериозно гледаат кон утрешниот натпревар каде се бара четврта победа во четвртиот натпревар во групата, иако првото место може да се потврди само со бод. Натпреварот Ерменија-Македонија се игра во вторник во стадионот ‘Вазген Саргсијан’ во Ереван со почеток од 18:00 часот.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....