ФОТО: Македонија до 21 ги стартуваше подготовките за квалификациските дуели со Гибралтар и Шведска

Објавено на 18 Март, 2024 во Вести, До 21 год

Младата репрезентација на Македонија до 21 година официјално ги започна подготовките за претстојните предизвици од мартовскиот циклус квалификации за пласман на Европско првенство кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска во 16. часот го одработија првиот тренинг во рамките на мини подготовките за квалификациските натпревари против Гибралтар и Шведска.

Двата натпревари од Групата 7 во рамките на квалификациите за пласман на Европско првенство ќе ги одиграме во Скопје, на националната арена „Тодор Проески".




   
   
Актуелности

14.05.2025    Вести

Љуботен го освои трофејот во Купот на Македонија за жени

Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...

Календар
А репрезентација