Објавено на 17 Јули, 2020 во Втора МФЛ, Вести
Екипата на ФК Велешта - Велешта ќе биде дел од Втора МФЛ - Запад во натпреварувачката сезона 2020/2021.
На извлекување во „Куќа на фудбалот“ на кои учествуваа претставници на трите екипи, ФК Чаклани - Добри Дол, ФК Велешта - Велешта и ФК Фортуна - Скопје, ждребот одлучи тимот на ФК Велешта - Велешта да биде дел од македонската Втора фудбалска лига.
Според пропозициите, ждреб одлучуваше за пополнување на Втора МФЛ - Запад, откако здравствените услови не дозволија екипите да ги одиграат бараж натпреварите за место во повисок ранг.
Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница да бидат дел од Втора МФЛ - Исток. Одлуката е донесена откако ФК Питу Гули - Крушево го откажа своето учество од Втора МФЛ и натпреварувањето ќе го
продолжи во Трета МФЛ - Централен регион.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....