Објавено на 31 Октомври, 2014 во Вести
На состанокот на Комисијата за натпревари одржан денеска во Фудбалската федерација на Македонија еден од заклучоците се однесува на натпреварот меѓу ФК Шкендија и ФК Металург одигран на 29.октомври 2014 година во рамки на 13. коло од Првата македонска фудбалска лига. Клубот домаќин на натпреварот се предава на Дисциплинската комисија на ФФМ за слаба организација, недолично и неспортско однесување на навивачката група на ФК Шкендија.
Фудбалската федерација на Македонија категорично стои на ставот дека ќе се спротивставиме на говорот на омраза и национализам, на вандализмот и нетолерантноста за што ќе бидат превземени сите мерки во насока на подобрување на фудбалскиот амбиент. Фудбалската федерација на Македонија со превземените активности пред натпреварите и со одлуките на надлежните комисии во федерацијата се надоврзува на платформата на Уефа и Фифа за почитување на играта во сите нејзини сегменти.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....