Финален турнир ФФМ Детска лига 2022-2023

Објавено на 25 Мај, 2023 во Вести, Детски лиги


Во периодот од 26. до 28. мај на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се одиграат натпреварите од финалниот турнир од Детска Лига за сезона 2022/23.

Почнувајќи од утре во 13:00 часот, а заклучно со недела во 13:30 часот на ФФМ тренинг центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2010 - 2015). 

Ова е само завршница на годинешното издание на Детска лига каде имавме учество на 135 клубови и 575 екипи со повеќе од 8500 млади фудбалери кои имаа можност да се натпреваруваат секоја недела во рамките на своите региони.

На учесниците им посакуваме среќа и успех на претстојните натпревари и истите да поминат во духот на фер плејот, а воедно и упатуваме отворена покана за присуство до сите заинтересирани.

Во продолжение можете да го погледнете распоредот за финалните турнири.

ФФМ Детска лига - Финален турнир 2023.pdf 



   
   
А репрезентација