Објавено на 23 Април, 2025 во Куп на Македонија, Вести
Радовиш ќе биде домаќин на финалето на Купот на Македонија во футсал, што ќе се одигра во недела, 27 април, со почеток од 19:00 часот, во спортската сала „25 Мај“.
Во големото финале ќе се соочат два тима кои со својата игра сезонава заслужено стигнаа до борбата за трофејот - КМФ Форца 2015 од Куманово и КМФ Осогово 2022 од Крива Паланка.
Двете екипи зад себе имаат одлична сезона и настапи кои оставија одличен впечаток кај љубителите на футсалот.
КМФ Форца 2015 е екипа која сезонава веќе го обезбеди првото место во најдобрата футсал лига.
Нивниот противник во Куп финалето, КМФ Осогово 2022, е релативно млад клуб, но со брз и силен подем, што го потврди и со пласманот во ова значајно финале.
Фудбалската федерација на Македонија, во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз - Радовиш, ќе овозможи финалниот натпревар да биде организиран на највисоко ниво, со надеж дека публиката ќе ужива во вистински празник на футсалот.
Ги покануваме сите љубители на футсалот да бидат дел од ова финале, да ги поддржат своите тимови и заедно да создадеме атмосфера достојна за меч за трофеј.