Објавено на 26 Јануари, 2025 во Вести
Целта на програмата на ФИФА е да им обезбеди на професионалците во областа највисоко ниво на образование за прашањата на фудбалските агенти. Програмата не е наменета да ги подготви кандидатите за испитот за фудбалски агенти.
Програмата се фокусира на поттикнување на професионализмот и етичките практики во фудбалската индустрија ширум светот, а тоа е од клучно значење за ефективното функционирање на меѓународниот трансфер систем.
Оваа програма е наменета за фудбалски агенти, фудбалски директори (член на ФИФА) асоцијации, клубови, лиги, поранешни професионални играчи, менаџери/спортски директори.
Сите детали околу програмата,за времетраењето,условите и цената на курсот може да ги најдете на линкот во продолжение
FIFA - Executive programmme in football agency.pdf