Објавено на 16 Октомври, 2015 во Вести
Во текот на изминатата година администрацијата на Фудбалската федерација на Македонија презеде низа активности и направи серија анализи во многу области со цел да дојдеме до реалните потреби за тоа што треба да се направи во иднина за да бидеме успешни чувари на македонскиот фудбал и да го подобриме неговиот квалитет во секоја смисла.
За таа цел се организираа серија обуки, работилници, беа остварени посети на други институции и одржани состаноци, направивме многу разговори и консултации со клучните луѓе кои имаат обврска и интерес за фудбалот, како и со фудбалската јавност и со клубовите. Ги разгледавме и ги анализиравме проблемите и предизвиците со коишто се соочувавме и потребно е да се унапредат постоечките стратешки планови.
“Сите ние заедно, во фудбалот и во администрацијата, решивме да создадеме цврста основа за решавање и за адресирање на стратешките предизвици со цел да се движиме напред. Сето тоа резултираше со работа за унапредување на постоечкиот стратешки план за развој на ФФМ во наредните десет години”, изјави Филип Поповски, генарален секретар на ФФМ.
За таа цел побаравме и поддршка од ФИФА, која ќе изврши посета на нашата федерација во периодот од 26 -30.10 во состав: Ева Пасквер - одговорна за национални сојузи во ФИФА, Кени Меклоуд - експерт за комуникации и маркетинг, Ханс Руди Хеслер - експерт за фудбалски технички развој и Ралф Егенбергер - финансиски експерт.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....