ФФМ во проект на Еразмус за спорт и претприемништво

Објавено на 03 Јуни, 2020 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија го спроведува заедничкиот проект со Фудбалската асоцијација на Словенија, Фудбалската асоцијација на Азербејџан, ФИБА Европа, Стопанската комора на Шпанија и невладината организација ТДМ од Италија наречен „Спорт и претприемништво“

Целта на проектот е да се зголемат капацитетите за вработување на професионалните фудбалерите по завршувањето на нивната играчка кариера. Проекто ќе ги зајакне капацитетите на спортистите за вработување, со тоа што ќе се развиваат  нивните претприемачки вештини и компетенции.

Кариeрата во врвниот спорт е кратка, непостојана и бара многу време и посветеност. Најуспешните спортисти се пензионираат околу 30-та година, а потоа мораат да најдат нова работа и улога во нивниот живот. Со уште поголеми проблеми и предизвици се соочуваат спортистите кои не успеваат како професионалци и играчите кои релативно рано ја завршуваат својата кариера поради повреда.

Карактеристиките на спортската кариера (пр. краткорочните договори, честото патување итн.), очекувањата за брз успех и крајната посветеност на кариерата, придонесуваат да се отежни или оневозможи подготовката за живот и кариера после спортската.

Спортистите кои тренираат и се натпреваруваат низ Европа се соочуваат со различни ризици. Многумина ја испуштаат можноста за квалитетно образование и обука што ќе им помогне да се подготват за нова кариера откако ќе се пензионираат како спортисти.

Како одговор на повикот на European Council's 2008, со којшто се покрена прашањето за „двојна кариера“, Европската комисија се ангажира да им обезбеди на врвните спортисти неопходни вештини и знаење, кои им се потребни за да можат полесно да продолжат после спортската кариера.

Структурата на програмите за „двојна кариера“ треба да ги исполнат индивидуалните потреби на секој спортист, земајќи ги во предвид: возраста, спортот со кој се занимаваат, нивото на развој во кариерата и финансиски статус.

Помеѓу претприемач и фудбалер постои сличност. За да бидете успешен во двете полиња: бизнис поле и фудбалски терен, мора да научите да ги максимизирате своите силни страни и да ги минимизирате своите слабости.

Лицето може да научи што е потребно за успешен претприемач користејќи комбиниран процес на учење:

  практичен пристап - во сопствениот фудбалски клуб

  теоретски пристап -  on-line тренинг програми.

Пред да се создадат материјалите за тренинг и поддршка се утврдуваат  потребите и можностите на спортистите.

За таа цел е креиран прашалник кој ќе го најдете на следниот линк:

Create your own user feedback survey

Одговорите од прашалникот се анонимни.

Вашето мислење е многу важно!

Ве молиме одговорете го прашалникот.

Времето потребно да се направи тоа е 15-на минути.


Проектот е партнерство помеѓу:

-  Football Association of Slovenia (FAS) (Slovenia)

-  Football Federation of Macedonia FFM) (Macedonia)

-  (IBM) TDM 2000 International (TDM) (Italy

-  FIBA Europe (FIBA) (Germany)

-  Caceres Chamber Commerce (CCC) (Spain)

-  EU15 (UK) & Association of Football Federations of Azerbaijan (AFFA) (Azerbaijan)




   
   
А репрезентација