ФФМ учесник на семинарот „методи и техники за откривање на кривични дела во областа на корупцијата во спортот“

Објавено на 14 Октомври, 2016 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија со претставник од Комисијата за безбедност и интегритет учествуваше на семинарот за „методи и техники за откривање на кривични дела во областа на корупцијата во спортот“  организиран од Министерството за внатрешни работи на РМ и полициското атеше на италијанската амбасада во Скопје.

Предавачи на семинарот беа влијателни експерти од италијанската полиција, од генералниот секретарјат на Интерпол и Еуропол, потоа од агенцијата за царина и монопол на Италија, како и од одделот за меѓународна полициска соработка на централниот директорат на криминалистичката полиција на Италија.

-Темата за која разговаравме на семинарот е исклучително важна. За жал, понекогаш корупцијата во спортот е поважна од самата игра. Ќе сториме сѐ што е во наша моќ и надлежност на фудбалските натпревари да се зборува само за фудбал. Искуството кое го добиваме од италијанските експерти на оваа тема може да биде исклучително важно за нас. Со проблематиката тешко ќе се избориме сами, помошта од овој тип на институции е во најмала рака за нас олеснително, изјави Роберт Марковиќ, раководител на одделот за безбедност и интегритет во ФФМ.




   
   
А репрезентација