ФФМ учесник на конференција за идентификување на проблемите со кои се соочуваат лицата со инвалидност во процес на спорт

Објавено на 10 Април, 2018 во Вести, Еднаквост


Фудбалската федерација на Македонија како институција која цврсто стои зад идејата дека уживањето во фудбалот треба да биде достапно за сите - без оглед кој сте, од каде сте и како играте фудбал, а на покана на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија - Македонски параолимписки комитет учествуваше на тркалезна маса на тема:

Идентификување на проблемите со кои се соочуваат младите лица со инвалидност во процесот на телесна вежба и спорт, како предуслов за здрав живот и предлог решенија како истите да се надминат“.

Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет започна со спроведување на проектот Change Your Mindset - Sport4Everyone кој се спроведува во рамките на Ерасмус + спортската програма.

Целта на проектот е промоција и подигање на нивото на јавната свест за важноста на спортот и телесната вежба и интеграција во општеството на младите лица со инвалидност (на возраст од 15-29 години) во рекреативни спортски активности.

Фудбалската федерација на Македонија на конференцијата на која присуствуваа претставници на спортски организации на лица со инвалидност, претставници на национални инвалидски организации на Македонија, претставници на национални спортски федерации, невладини организации и здруженија ја претставуваше генералниот секретар Филип Поповски.

-Секогаш ни е чест да бидеме дел од вакви настани. Како Фудбалска федерација на Македонија ја препознаваме потребата на лицата со инвалидност, нивните потешкотии и вклучувањето во спортот, бидејќи и сами се бориме за еднаквост против предрасуди и препреки. Сите ние сакаме рамноправност и затоа даваме полна поддршка во напорите да им се овозможат услови на лицата со инвалидност да се занимаваат со спортски активности.

Во изминатиот период многу научивме околу потребата и тешкотиите на лицата со инвалидност кога говориме за нивно вклучување на фудбалските натпревари. Ќе се трудиме на секој начин да градиме мостови меѓу организациите кои имаат слични цели како нашите и се борат за толеранција и почит на сите полиња, рече генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски. 




   
   
А репрезентација