Објавено на 05 Ноември, 2024 во Лиценцирање, Вести
Фудбалската федерација на Македонија со свои претставници учествуваше на годишната работилница за клупско лиценцирање во Белград организирана од УЕФА.
Системите за лиценцирање клубови и финансиска одржливост се еден од важните сегменти во европскиот фудбал. Нивната цел е дополнително да го промовираат и континуирано да го подигаат стандардот на фудбалот, не само од аспект на играта. Исто така, битна е заштитата и долгорочната одржливост на клупскиот фудбал во машка и женска конкуренција.
Како дел од тековната поддршка на УЕФА за имплементација на лиценцирање на клубови и финансиска одржливост, оваа година, годишната конференција на УЕФА за лиценцирање клубови и финансиска одржливост се одржа во Белград.
На настанот присуствуваа даватели на лиценца од сите 55. национални асоцијации и други фудбалски соработници. Годишната конференција е одлична платформа за размена на искуства и дискусија, адресирајќи ги најновите промени во регулаторната рамка, обезбедувајќи ажурирања на системот и нудејќи можност за споделување на најдобрите практики и информации поврзани со европскиот клупски фудбал.
Како дел од темите кои се дискутираа беа: финансиска одржливост, клупски мониторинг, женски фудбал, таленти и натпреварувања, комуникации, солидарна шема за клубови кои не се дел од натпреварувањата, социјална одговорност и одржливост.
Фудбалската федерација на Македонија на годишната конференција на УЕФА беше претставувана од Горанчо Костовски - лиценцен менаџер, Александра Ѓурчиновска - заменик лиценцен менаџер, Александар Спасовски - експерт по финансиски критериуми и Александар Најдовски - претседател на Комисија за лиценцирање.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....