ФФМ со три номинации на манифестацијата „Избор на спортисти 2016“

Објавено на 22 Декември, 2016 во Вести


Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија в петок со почеток во 20:00 часот на свеченост во МНТ ќе ги изберат најдобрите спортисти за 2016 година. Фудбалската федерација на Македонија во изборот на АМС е номинирана во три категории.

Благоја Милевски, селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година во конкуренција на Лино Червар (ракомет), Жарко Ристовски (одбојка), Дејан Митровски (кик бокс) и Пеце Белистојановски (карате) е номиниран во категоријата „Најдобар селектор“.

Фудбалската репрезентација до 21 година е номинирана во категоријата „Најуспешен машки национален тим“. За наградата во истата конкуренција се ракометната и одбојкарската репрезентација.

Фудбалската федерација на Македонија е номинирана за „Најуспешна спортска федерација“ заедно со Ракометна федерација, Карате, Одбојкарска и Кики бокс федерација.



   
   
А репрезентација