ФФМ со признание од Министерството за економија за СКОПЈЕ 2017

Објавено на 28 Септември, 2018 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија доби специјално признание од Министерството за економија на Република Македонија по повод Светскиот ден на туризмот - УЕФА Супер Купот, СКОПЈЕ 2017 е  најуспешно организираниот настан.

По повод Светскиот ден на туризмот, министерот за економија, Крешник Бектеши покрај признанието за Фудбалската федерација на Македонија додели плакети за најуспешните туристички работници здруженија и деловни субјекти од туристичкиот сектор.

-Во Европа позитивно се гледа на македонскиот спорт и нашиот фудбал и се надеваме дека нашите резултати и успеси многу повеќе ќе се ценат и вреднуваат од страна на јавноста и општеството воопшто. Супер Купот - СКОПЈЕ 2017 е најголемиот настан кој нашата држава го организираше, за нас тој настан секогаш ќе буди посебни емоции и секогаш со гордост ќе се сеќаваме на моментите од 8. Август 2017. година. Благодарност до Министерството за економија за признанието, ние како Федерација секогаш ќе се трудиме да ја промовираме нашата држава во европски и светски рамки, изјавија Дрилон Ганиу, заменик генерален секретар во ФФМ и Жарко Игњатовски, менаџер за фудбал во ФФМ. 





   
   
А репрезентација