Објавено на 08 Февруари, 2017 во Вести
Процесот на лиценцирањето на клубови кои се пријавуваат за УЕФА натпреварување во ФФМ, а кој го спроведува одделението за лиценцирање, подлежи на редовна годишна ревизија од стрaна на ревизорската куќа SGSSociete Generale de Surveillance од Женева, а во однос на УЕФА стандардите и Правилникот за клупско лиценцирање.
Ревизијата која се одвиваше во август 2016, а за лиценцна сезона 2016/17 на целокупната работа на ФФМ како лиценцор на клубови кои се пријавиле за учество во УЕФА натпреварувања резултираше со издавање на сертификат за квалитет и исполнување стандарди во однос на процесот на лиценцирање, како и потврда дека (не)издавањето лиценци на клубовите е во согласност со сите пропишани норми.
Во оваа прилика ФФМ изразува голема благодарност до сите вклучени лица од клубовите кои сериозно и посветено работат во целиот овој процес и се неизбежен дел од поставување и одржување на стандарди кои се потребни за учество во натпреварување во УЕФА.