Објавено на 20 Мај, 2014 во Вести
Заминувањето на А репрезентацијата во Австрија, на чело со селекторот Бошко Ѓуровски, за пријателскиот дуел против Камерун беше одбележано во знак на поддршка на најпогодените од природната катастрофа.
Поддршка даде и репрезентацијата до 21 година која моментално е на собир за претстојниот квалификациски дуел против Португалија заедно со стручниот штаб.
Фудбалската Федерација на Македонија на сите погодени од поплавите со овој гест сака да им даде до знаење дека ќе биде на располагање во наредниот период за било каква логистичка или хуманитарна помош која ќе биде потребна.