Објавено на 24 Август, 2018 во Вести
Фудбалската федерација на Македонија ќе го поддржи Александар Чеферин за претседател на УЕФА во неговиот избор за местото претседател на Унијата на Европските фудбалски Асоцијации.
Нашата фудбалска Федерација меѓу првите го предложи и му даде поддршка на актуелниот прв човек на УЕФА во неговиот прв избор за претседател на УЕФА во септември 2016. година на Конгресот во Атина. На Вонредниот конгрес во грчката престолнина, Чеферин беше избран како седми претседател на УЕФА.
“Проектите и замислите на Александар Чеферин се многу значајни за развојот на европскиот фудбал, а ние како Федерација цврсто веруваме дека Александар Чеферин заедно со целокупното семејство на УЕФА ќе продолжи да дава голем придонес и за напредокот на фудбалот во нашиот регион. Својот мандат во УЕФА го започна со јасна визија за иднината со фокус на поголема заштита, промоција и развој на европскиот фудбал, ставајќи ја играта на прво место и штитејќи го нејзиниот интерес и интегритет. Неговата заложба е заедништво и дијалог помеѓу европските фудбалски заедници, поддржувајќи соработка со сите соработници и вклучени страни. Искрено, веруваме дека таа негова мисија ќе продолжи и во иднина”, стои во дописот на ФФМ.
Александар Чеферин како претседател на УЕФА беше во Скопје на Супер Куп натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а во март годинава официјално го промовираше и новиот сместувачки капацитет во комлексот “Куќа на фудбалот”