Објавено на 19 Септември, 2016 во Вести
Имплементација на Европската недела на спортот се одржи од 10-17 септември 2016. Агенцијата за млади и спорт како партнер со Министерството за образование и наука на Република Македонија, во соработка со националните спортски федерации на 17. септември организираше Саем на спортови на плоштадот Филип Втори во Скопје, каде 25 спортски федерации имаа можност на пошироката јавност да и ги претстават своите активности, а се со цел да се подигне свеста за важноста на спортските активности за здравјето на граѓаните.
Настанот го отвори Марјан Спасески, директор на Агенцијата за Млади и Спорт на Македонија.
Фудбалската Федерација на Македонија со својот штанд имаше за цел на јавноста да и ја доближи својата активност во рамки на развој на фудбалот, а со посетителите разговараа Горан Станиќ - тренер во Националната Фудбалска Академија и Марио Вујовиќ - тренер во УЕФА Фудбалската Академија при ФФМ.