Објавено на 21 Октомври, 2021 во Вести, Семинари
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА организираше судиски тренинг камп на кој предавач и инструктор беше главниот кондициски тренер и тренинг експерт за елитни фудбалски судии во УЕФА, професорот Вернер Хелсен.
Нашата „Куќа на фудбалот“, тренинг кампот за нашите судии го организираше според највисоките УЕФА стандарди. На тродневниот семинар беа опфатени најновите медоти и технологии за тренинг. Македонските судии имаа можност одблизу да се запознаат со методите на работа кои ги користи и применува УЕФА во подготовката на судиите за елитната Лига на шампиони, Европските и Светските првенства.
Судиите кои учествуваа на тренинг кампот успешно ги минаа теоретските и практичните задачи, потврдувајќи дека можат да се носат со најсовремените предизвици кои ги носи нивната работа.
Позитивна оцена за постигнатото на тренинг кампот даде и врвниот експерт од УЕФА, професор Вернер Хелсен, нагласувајќи дека повеќе од 200 судии од нашата држава кои се вклучени во процесот, заслужуваат честитки за трудот и постигнатите резултати. Прогресот е препознаен од УЕФА, а ФФМ ќе продолжи да го надградува во рамки на федерацијата.