ФФМ организираше регионален состанок за сигурност и безбедност

Објавено на 27 Август, 2018 во Вести


Во организација на одделот за безбедност и интегритет при Фудбалската федерација на Македонија викендов во Охрид се оддржа регионален состанок за сигурност и безбедност. Еднодневниот семинар беше поддржан од одделот за безбедност на УЕФА, а главни теми беа начинот на организација на контролните соби на стадионите во регионот, контакт со навивачи и навивачки групи од страна на полицијата и организација на натпревар од висок ризик во мултиетнички средини во регионот.

На состанокот присуствуваа раководителите на одделите за безбедност од Фудбалските федерации на Македонија, Хрватска, Словенија, БиХ, Црна Гора, Косово, а дел од работниот состанок беа и претставникот на УЕФА за безбедност, Жељко Павлица, високи претставници од Министерствата за внатрешни работи на Македонија, Црна Гора, Словенија, БиХ и Косово. 

Свое учество земаа и генералните секретари на ФФМ, Филип Поповски и генералниот секретар на Фудбалската асоцијација на Словенија, Мартин Кожељ.





   
   
А репрезентација