ФФМ организира вебинар за новите футсал правила

Објавено на 16 Октомври, 2020 во Прва футсал лига, Вести


Фудбалската федерација на Македонија организира вебинар за 30 футсал судии од нашата земја под покровителство на ФИФА. 

Семинарот се оддржува преку zoom апликација и го следат судиите, а главна тема на курсот е имплементација на промените на правилата во футсалот, односно едукација на нашите судии во пресрет на новата сезона во македонската футсал лига.

Предавач на вебинарот е Педро Галан Нието. Шпанецот е еден од одговорните лица, поточно еден од седуммината, кои ги променија правилата на футсалот во 2020. година. По барање на ФИФА, преку Пјерлујџи Колина и Масимо Бусака, водечките луѓе во судиската организација на Светската фудбалска асоцијација, годинава беа променети одредени правила во футсалот со единствена цел, да  бидат едноставни и разбирливи за гледачите, слични како во фудбалот, но да задржат некои карактеристики типични за футсалот.




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација