Објавено на 31 Март, 2016 во Вести
Во просториите на „Куќата на фудбалот“ започна да се одржува дводневниот семинар во организација на Фудбалската федерација на Македонија за одржување на фудбалските терени на кој главен предавач е Дин Гиласби од ФИФА.
На семинарот учествуваат претставници од 12-ет стадиони или терени во државата (Маџари – Скопје, Победа – Прилеп, Тренинг центар „Петар Милошевски“, Ѓорче Петров – Скопје, Беласица – Струмица, Шкендија – Тетово, „Билјанини извори“ – Охрид, Пелистер – Битола, „Кукуш“ – Турново, Национална арена „Филип Втори“ – Скопје, Силекс – Кратово).
Во текот на денот практично ќе се користи опремата и
механизацијата за одржување на тревата и ќе се врши мерење на квалитетот на
теренот.