Објавено на 15 Февруари, 2017 во Вести
Фудбалската федерација на Македонија денеска во хотел „Континентал" го одржа годишниот семинар со делегатите на натпреварите од Прва и Втора МФЛ за сезона 2016/17.
На собирот на делегати, претседателот на натпреварувачката комисија Васко Дојчиновски уште еднаш детално ги презентираше правилата и пропозициите за натпреварувачка сезона и ги објасни правилниците за натпреварите од двете конкуренции. Претседателот на судискиот одбор, Емил Божиновски ги објасни пропозициите и правилата во сферата на судењето на средбите од првата и втората конкуренција.
Фудбалската федерација на Македонија го реализира со цел делегатите да се запознаат со пропишаните измени, да го сфатат значењето на промените и да бидат единствено насочени кон квалитетна организација на натпреварите.