ФФМ обезбеди директен пренос од натпреварот Шкотска - Македонија

Објавено на 01 Септември, 2016 во Вести


Квалификацискиот натпревар Шкотска - Македонија за репрезентации до 21 година кој ќе се одигра утре, 02.септември од 20.30 часот во Единбург ќе можете да ги проследите во живо на Сител 3 телевизија, како и на ТВ платформата на ФФМ: http://tv.ffm.mk/

По одличните игри во досегашниот тек од квалификациите, младата македонска репрезентација ја очекуваат два нови тешки натпревари во септември, утрешниот со Шкотска и една од најважните пресметки во квалификациите - домашниот двобој со Северна Ирска.

Македонската репрезентација на 6. септември со почеток во 18:45 часот ќе го започне натпреварот против Северна Ирска, а за тој дуел Фудбалската федерација на Македонија одреди цена на влезница од 100 денари. 

Приходот од влезниците ќе биде дониран за настраданите од поплавените подрачја во скопскиот регион. Со секоја купена влезница донирате 100 денари за #Skopje и давате поддршка на репрезентцијата на #Makedonija.

Картите може да се купат на штандот на ФФМ во Skopje City Mall, како и на сите продажни места на MkTickets и електронски на следниот линкови:

www.mktickets.mk

www.karti.com.mk




   
   
А репрезентација