Објавено на 01 Октомври, 2018 во Вести
Следната година во Париз ќе се одржи Конгрес на ФИФА за избор на претседател на Светската фудбалска Асоцијација. Фудбалската федерација на Македонија својата поддршка ќе ја даде за актуелниот претседател, Џани Инфантино.
- Цврсто веруваме во стратегијата и мисијата и искрено го подржуваме Џани Инфантино за претседател на ФИФА, а ФФМ ќе продолжи да го дава својот придонес во насока на реализација на идеите и идните проекти кои секогаш се насочени кон развој на фудбалот. Во изминатиот период Џани Инфантино докажа дека е исклучителен лидер спроведувајќи низа новитети и реформи во Светската фудбалска Асоцијација. Веруваме дека актуелниот претседател заедно со својот тим е способен да се соочи со следните предизвици и уште повеќе да го зацврсти интегритетот на ФИФА, стои во дописот на Фуббалската федерација на Македонија.
Конгресот на ФИФА за избор на претседател ќе се одржи во Париз на 5. јуни 2019 година.