ФФМ ќе ги донира приходите од Македонија - Португалија за погодените од поплавите во Србија, БиХ и Хрватска
Објавено на
20 Мај, 2014
во
Вести
Фудбалската Федерација на Македонија ќе ги донира сите приходи од претстојниот натпревар на репрезентацијата до 21 година помеѓу Македонија и Португалија за погодените од катастрофалните поплави во Србија, БиХ и Хрватска.
Натпреварот ќе биде одигран на 23.05.2014 година на Националната Арена Филип Втори во Скопје со почеток во 18.00 часот, а билетите по симболична цена од 50 денари се веќе пуштени во продажба низ продажната мрежа на МК Тикетс: http://www.mktickets.mk/
Продажни места:
- Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
- Југотон ГТЦ 1 кат, MPM PRESS, Гоги Драчево, Универзална Сала - Скопје
Со секој купен билет им даваме поддршка на луѓето на кои оваа природна катастрофа од корен им го смени животот! Уште еднаш да покажеме дека сме хумани!