ФФМ ја претстави програмата за национална академија пред 54-те членки на Уефа

Објавено на 23 Септември, 2015 во Вести, Семинари

Во Братислава, Словачка се одржува едукативна работилница за тренери, експерти од областa на едукативните тренерски процеси и технички менаџери на која учествуваат претставници од сите 54-ри членки на Уефа.

Фудбалската федерација на Македонија на 11-от Уефа тренерски семинар ја претставуваат Зоран Стратев, координатор на младите национални тимови и фудбалската академија, Звонко Златановски, тренер во фудбалската академија, Марио Ѓурчиновски, член на Уефа техничкиот комитет и Небојша Марковски, директор на центарот за едукација на ФФМ.

„Создаваме иднина“ е слоганот на едукативниот семинар во Братислава, а главната тема на дискусиите и предавањата е развојот на елитниот младински фудбал и посебно пилот проектите во Македонија, Грузија и Ерменија за националните академии.

-Овој тип на семинари е совршен начин за разговори и дискусии во однос на програмите кои се насочени кон развој на младинскиот фудбал. Имаме прилика да анализираме, споредуваме, да се надградуваме и на крајот да бидеме побогати со знаење, идеи и пријателства. Ја претставивме нашата работа со националната академија, проект на ФФМ и Уефа и навистина сме среќни што многумина од претставниците на Уефа ја препознаа како многу квалитетна и како проект кој ќе помогне да го изградиме нашето вистинско фудбалско семејство. Се што слушнавме и сработивме во Братислава ќе го искористиме во нашата понатамошна работа и се надевам дека со тоа ќе им бидеме од помош и на колегите во нашата земја и на клубовите, изјави Зоран Стратев.

На тренерскиот семинар утре свое предавање ќе има Ларс Лагербек, тренерот на репрезентацијата на Исланд и член на Уефа Жира панелот. 





   
   
Актуелности

14.05.2025    Вести

Љуботен го освои трофејот во Купот на Македонија за жени

Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...

Календар
А репрезентација