ФФМ и МЦКР ја одбележуваат ФАРЕ акционата недела

Објавено на 17 Октомври, 2019 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија и Македонскиот Центар за Култура и Развој по 20. пат ја организираат ФАРЕ - Акционата недела за борба против расизмот, национализмот и сите видови на дискриминација во фудбалот. Оваа година акционата недела се организира во 60. земји, вклучени се над  150.000 поединци и 2.000 организации. ФАРЕ мрежата станува се поголема и помасовна структура која континуирано се бори против сите форми на дискриминација во фудбалот и за зајакнување на социјалната димензија на фудбалот во општеството.

Фудбалската федерација на Македонија и екипите од МФЛ и годинава учестуваат во одбележувањето на FARE „Football People“ акциската седмица која е насочена во борба против национализмот, дискриминацијата и расизмот.

-Фудбалот е игра која мора да биде достапна за секого, без оглед на тоа кој е, од каде доаѓа и како игра. Ние ја нагласуваме нашата цврста заложба за славање на различноста и за инклузивност. Во фудбалот нема место за национализам и дискриминација, фудбалот ги зближува луѓето со различна вероисповест и националност или различна боја на кожа. Трибините на фудбалските стадиони треба да бидат места за зближување, поголема почит и толеранција како меѓу играчите, судиите и официјалните лица, така и меѓу навивачите. За нас, како Фудбалска федерација на Македонија спортскиот резултат е единствениот критериум за различност на фудбалските терени, истакна Дрилон Ганиу, заменик генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија.

МЦКР и ФФМ со оваа јубилејна 20-та акција ја покажуваат и докажуваат својата посветеност и грижа за фудбал без расизам, национализам, насилство и било каков вид на дискриминација. Насилството за жал го тишти современиот фудбал. Пред два дена бевме сведоци на немили расистички сцени во Бугарија и на судир на навивачи во Црна Гора. За разлика од соседството, натпреварот помеѓу репрезентациите  на Словенија и македонската репрезентација во Скопје, на 10 октомври беше вистински празник на фудбалот, спортот и надигрувањето. Имавме ѕвездена трибина и славење на успехот на најдостоинствен начин. Сето ова е резултат на посветената работа на сите субјекти вклучени во фудбалот и ние сме оптимисти дека од година во година вистинското навивање, позитивниот развој и врвните вредности и критериуми се повеќе ќе заживуваат во нашето општество, а нашиот фудбал и нашите фудбалери веќе стануваат едни од најсилните амбасадори на земјата. Ние ќе продолжие посветено да работиме во овој правец“, истакна Нелко Нелковски, претседател на МЦКР и национален ФАРЕ координатор

Оваа година пред почетокот на сите натпревари во Првата лига, во колото што ќе се одржи на 19. и 20. октомври, ќе бидат покажани црвени картони со натпис на македонски и на албански јазик „Национализмот и расизмот надвор од фудбалот“. 





   
   
А репрезентација