ФФМ го слушна гласот на хемофиличарите - се одбележува Светскиот ден на хемофилијата

Објавено на 19 Април, 2017 во Вести


Светскиот ден на хемофилијата секоја година се одбележува на 17. Април, а тоа е прилика јавноста на најдобар начин да се информира за хемофилијата - наследна генетски условена состојба која се карактеризира со целосен недостаток или намалено ниво на факторите кои учествуваат во запирање на крвавењето.

Светскиот ден на хемофилијата се одбележува ширум светот, здруженијата укажуваат и ги информираат поединците, семејствата, заедницата, но и бројни спортски организации и национални Федерации се со цел и тие да дадат свој придонес и поддршка за милиони жени и девојчиња со крвавечки нарушувања.

По тој повод денеска во „Куќа на фудбалот“ се одржа прес конференција на која генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски ја пренесе пораката со поддршка за здружението на хемофиличари на Македонија.

-Дружењето по повод Светскиот ден на хемофилијата за сите нас е од едукативен карактер. ФФМ како општествено одговорна институција секогаш ќе поддржува вакви настани и ќе праќаме порака дека сите ние го слушаме вашиот глас. Фудбалската топка е алат кој поврзува и ги руши предрасудите. Фудбалот навистина има потенцијал да влијае на многу работи и ние сме благодарни што не примивте во вашето семејство и добивме можност гласно да проговориме за хемофилијата, истакна Филип Поповски.

Присутните од здружението на хемофиличари заедно со децата од ЗХМ го следат натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Лихтенштајн до 16 години.





   
   
А репрезентација