ФФМ го одржа редовниот годишен семинар за делегати

Објавено на 10 Август, 2016 во Вести


Фудбалската Федерација на Македонија денеска во хотел „Континентал" го одржа годишниот семинар за кандидати за делегати на натпреварите од Прва и Втора МФЛ за сезона 2016/17.

На собирот на делегати, претседателот на натпреварувачката комисија Васко Дојчиновски детално ги презентираше новитетите во пропозициите за новата натпреварувачка сезона и ги објасни правилниците за натпреварите од двете конкуренции. Претседателот на судискиот одбор, Емил Божиновски детално ги објасни пропозициите и правилата во сферата на судењето на средбите од првата и втората конкуренција.Укажувањето на измените за новата сезона, Фудбалската федерација на Македонија го реализира со цел делегатите да се запознаат со пропишаните измени, да го сфатат значењето на промените и да бидат единствено насочени кон квалитетна организација на натпреварите. 

Во денешната програма на состанокот беше вклучено и стандардното тестирање на делегатите за потврдување и обновување на нивното знаење.




   
   
А репрезентација